February 23, 2025 | | Свет
Реал Мадрид ја искористи предноста на домашниот терен и со сигурна победа од 2-0 над Џирона во 25. коло од Ла Лига го оправда фаворитскиот статус. Тренерот Карло Анчелоти ги предводеше „кралевите“ без суспендираниот Џуд Белингем, а неговото место во стартниот состав го зазеде искусниот Лука Модриќ. Хрватскиот мајстор одигра одличен натпревар и го постигна првиот гол, кој беше вистинско ремек-дело. Во 41. минута, 39-годишниот ветеран ја смири одбиената топка на градите и со фантастичен удар од далечина го совлада Газанига, носејќи му предност на Реал пред паузата. Во второто полувреме, Џирона се обиде да изедначи, а тренерот Мичел направи неколку тактички измени, вклучително и вклучувањето на Бојан Миовски во 75. минута. Сепак, Реал Мадрид не дозволи изненадување и во 83. минута Килијан Мбапе асистираше за Винициус Жуниор, кој го постави конечниот резултат – 2-0. Со оваа победа, актуелниот шампион на Шпанија се израмни со Барселона на врвот со 54 бодови, додека Џирона остана на 12-тата позиција со 31 освоен бод.
LUKA MODRIC WHAT A GOAL! 🤯 pic.twitter.com/99vtnvIVKW
— TC (@totalcristiano) February 23, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |