Нов шок во тимот на Фиорентина: Моисе Кин се сруши на тревникот (ВИДЕО)

February 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов шок во тимот на Фиорентина: Моисе Кин се сруши на тревникот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина повторно беа сведоци на вознемирувачка ситуација, откако драматична сцена се случи на нивното гостување кај Верона (1-0), кога Моисе Кин доживеа незгодна повреда. Напаѓачот на „виолетовите“ беше оттурнат од дефанзивецот Копола за време на еден дуел, а при падот силно удри во коленото на Давидович, што резултираше со крвава рана. Иако медицинскиот тим му укажа помош и тој доби дозвола да продолжи со играта, неколку моменти подоцна ја загуби рамнотежата и падна на тревникот. Овојпат беше неопходна интервенција на лекарите, кои мораа да го изнесат на носилки, а потоа беше итно пренесен во болница. Овој инцидент потсетува на претходниот шокантен момент со Едоардо Бове на мечот против Интер на 1 декември. Што се однесува до резултатот, Верона приреди изненадување и со голот на Бернеде во 95. минута ги освои трите бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.