Тотенхем: Повеќе не сакаме да нè нарекувате Тотенхем!

February 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тотенхем: Повеќе не сакаме да нè нарекувате Тотенхем!

Лондонскиот клуб Тотенхем Хотспур донесе необична одлука и испрати официјално барање до водечките светски медиуми. Според извештаите, Тотенхем упати писмо до медиумите со молба да престанат да го нарекуваат само „Тотенхем“. Наместо тоа, клубот инсистира да се користи неговото целосно име „Тотенхем Хотспур“ или алтернативно, кратенката „Спарс“. Во официјалното обраќање, клубот нагласува дека ова е дел од нивниот идентификациски клупски договор и дека сакаат да го избегнат користењето на само „Тотенхем“, иако токму така се познати низ светот. „Тотенхем Хотспур сака да се обрати до медиумите во врска со именувањето на клубот. Ве молиме, примарно користете го целосното име Тотенхем Хотспур, а како кратенка претпочитајте го терминот Спарс“, се вели во испратената порака до медиумите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.