February 24, 2025 | | Свет
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, се обрати пред медиумите и се осврна на повеќе теми, меѓу кои и ситуацијата со регистрацијата на Дани Олмо. На почетокот на 2025 година околу неговата регистрација се разви вистинска драма, бидејќи Барселона не можеше финансиски да ги оправда трошоците за неговиот ангажман. Сепак, преку судска постапка, Олмо доби дозвола да настапува за каталонскиот клуб. Тебас истакна дека Ла Лига не се согласува со одлуката што ја донесе судот. „Сметав дека прашањето ќе биде решено уште во август, но тоа не се случи, па на крај беше завршено за само три дена. Олмо потпиша свесен дека нема да може да игра по декември. Компанијата што купи ВИП влезници не ми изгледа доволно финансиски стабилна. Лично, не верувам дека Олмо треба да ја заврши сезоната со Барселона“, изјави Тебас.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |