Немате видено подосадни 10 секунди од овие во Премиер лигата (ВИДЕО)

February 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Немате видено подосадни 10 секунди од овие во Премиер лигата (ВИДЕО)

Во рамките на 26. коло во Премиер лигата, натпреварот помеѓу Фулам и Кристал Палас донесе необичен момент кој го привлече вниманието на фудбалската јавност. Во 28. минута од мечот, при резултат 0-0, ѕвездата на Кристал Палас, Еберчи Езе, доби топка на левата страна покрај аут-линијата, соочувајќи се со својот поранешен соиграч, Јоаким Андерсен. Данскиот дефанзивец, свесен дека не може да се натпреварува со брзината на Езе, внимателно го следеше неговото движење. Сепак, на изненадување на сите, Езе ненадејно застана. Андерсен, збунет од ситуацијата, по неколку секунди му гестикулираше, обидувајќи се да му даде до знаење дека залудно го одолговлекува времето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.