Каталонците се разбудија: Губеа со 0-2, го свртеа резултатот уште во првиот дел (ВИДЕО)

February 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Каталонците се разбудија: Губеа со 0-2, го свртеа резултатот уште во првиот дел (ВИДЕО)

Во првите 20 минути од полуфиналниот дуел во Копа дел Реј, Барселона и Атлетико Мадрид приредија вистински спектакл. Атлетико веднаш го отвори резултатот со погодок на Хулиан Алварез уште во првата минута, а Антоан Гризман само пет минути подоцна ја зголеми предноста. Сепак, Барселона не чекаше долго за одговор. Во 19. минута Педри ја намали разликата, а само две минути подоцна, по корнерот на Рафиња, Пау Кубарси израмни, враќајќи го натпреварот во неизвесност. Пред самиот крај на првото полувреме, Барселона направи тотален пресврт преку Иниго Мартинез. По Кубарси, и Иниго погоди со глава од корнер, повторно на асистенција на Рафиња. Не очекува интересно второ полувреме. Головите погледнете ги ТУКА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.