February 26, 2025 | | Свет
Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ во своето последно издание објави тема што може да ја разниша стабилноста на Наполи непосредно пред големото дерби со Интер. Според информациите, Антонио Конте најверојатно ќе остане во клубот само до крајот на сезоната, а потоа ќе седне на клупата на Милан. Ова не е првпат Конте да се поврзува со „росонерите“. Минатото лето исто така се шпекулираше за негово преземање, но до договор не дојде. Сега, баш пред клучниот натпревар на Наполи, ваквите информации повторно испливаа во јавноста, што дел од италијанските медиуми го толкуваат како обид за дестабилизација.
Антонио Конте беше назначен за главен тренер на Наполи во јули 2024 година, со цел да го врати клубот на победничките патеки. Неговото доаѓање беше проследено со одредени предизвици, особено во однос на трансферите и составот на тимот.
Еден од клучните моменти во неговиот мандат беше трансферот на Квича Кварацхелија во Пари Сен Жермен. Конте изрази разочарување поради заминувањето на овој важен играч, истакнувајќи дека клубот не успеал да најде соодветна замена. Тој изјави: „Останатите наши продажби ги заменивме, но овој трансфер – не.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |