Брера, Шкендија, Струга и Вардар обезбедија полуфинале во Купот

February 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Брера, Шкендија, Струга и Вардар обезбедија полуфинале во Купот

Фудбалерите на Вардар успеаја да обезбедат место во полуфиналето на Купот на Македонија, совладувајќи го Силекс со минимални 1:0. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Донгмо во 68. минута. Екипата на Струга триумфираше против Гостивар со идентичен резултат, благодарение на погодокот на Кехинде на самиот почеток од вториот дел, во 48. минута. Шкендија славеше против Детонит Плачковица со 1:0, со голот на Шала во 23. минута. Тимот од Тетово имаше можност да ја зголеми предноста, но Адеми не реализираше пенал во 26. минута. Возбудлив дуел одиграа Брера и Арсими, каде што регуларните 90 минути завршија 1:1. Брера поведе преку Ндзенгуе во 16. минута, додека Таипи донесе израмнување во 78. минута. Во пенал-серијата, Брера беше посигурна, победувајќи со 4:3, откако Бељуљи и Реџепи промашија за Арсими. Куп на Македонија Четвртфинале, резултати: Брера Струмица – Арсими 1:1 (4:3, пенали) Детонит Плачковица – Шкендија 0:1 Струга – Гостивар 1:0 Вардар – Силекс 1:0

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.