February 26, 2025 | | Свет
Фудбалот наскоро би можел да добие значајни промени во правилата, а клучните измени ќе се разгледаат на 139. состанок на Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација (IFAB) што ќе се одржи претстојниот викенд, пренесува француски L'Equipe. Меѓу предложените новитети е и „Венгеровиот закон“ за офсајд, според кој играч ќе се смета за во недозволена позиција само ако целото негово тело е надвор од линијата на последниот дефанзивец. Ова правило веќе се тестира на младински турнири во Италија и Шведска и може да влезе во официјална употреба од јули. Дополнително, ќе се дискутира за судиската комуникација при ВАР прегледите, што беше применето на Светското првенство за жени во 2023 година и неодамна тестирано во англискиот Лига Куп. Според новиот предлог, судиите би имале можност да ја објаснат својата одлука преку микрофон на целиот стадион, со што би се зголемила транспарентноста. IFAB ќе расправа и за напредокот во технологијата за полуавтоматско откривање офсајд, како и за потенцијалната употреба на преносливи камери кои би овозможиле појасни судиски одлуки. Уште една голема промена која би можела да стапи на сила е ефективното време на играње, каде што судиите ќе имаат овластување да го запрат часовникот за време на ВАР прегледи или при сериозни повреди. Оваа мерка има за цел да ја намали загубата на време и да донесе поголема динамика во натпреварите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |