Навивачи со морбидни повици кон играч на Реал, судијата го прекина мечот (ВИДЕО)

February 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачи со морбидни повици кон играч на Реал, судијата го прекина мечот (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари минимална победа од 0:1 како гостин против Реал Сосиедад во Купот на Кралот, но натпреварот беше засенет од несоодветното однесување на домашните навивачи. Во последните моменти од првото полувреме беше забележан инцидент кога еден навивач направи мајмунски гестикулации кон Винисиус Жуниор. Овој меч воедно беше значаен за Бразилецот кој за првпат ја носеше капитенската лента за Реал. Но, тоа не беше единствениот инцидент. Од трибините се слушаа извици „Асенсио умри“, насочени кон Раул Асенсио. Судијата Хозе Марија Санчез Мартинез го активираше антирасистичкиот протокол на Ла Лига и го прекина мечот на кратко за да се смири ситуацијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.