Аморим се соочува со уште еден „Рашфорд“ во тимот

February 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим се соочува со уште еден „Рашфорд“ во тимот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, даде објаснување зошто одлучил да го извади Алехандро Гарначо од игра пред крајот на првото полувреме против Ипсвич, истовремено најавувајќи разговор со Аргентинецот за неговата реакција при напуштањето на теренот. Во натпреварот што заврши со драматична победа од 3-2 за „ѓаволите“, тимот на Манчестер Јунајтед мораше да игра цело второ полувреме со играч помалку, откако Патрик Доргу заработи црвен картон. Гарначо беше жртвата на тактичките промени – беше заменет со Нусаир Мазрауи, но очигледно не ја прифати добро одлуката. Наместо да седне на клупата, се упати директно во соблекувалната, покажувајќи разочарување и нервоза. „Го повлеков бидејќи сакавме да играме во формација 5-3-1. Свесен сум дека ризикував со вадење на најбрзиот играч, но верував дека така подобро ќе го контролираме мечот“, објасни Аморим. Тренерот, запрашан за реакцијата на Гарначо, се насмевна: „Сакате да го споредите со Рашфорд, така? Знам, знам“. „Ќе разговарам со него. Ако ме прашате на следната прес-конференција, можеби ќе имам повеќе детали“, додаде тој со доза на мистерија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.