February 27, 2025 | | Свет
Арсенал се соочува со предизвици во Премиер лигата, но Микел Артета останува оптимист. И покрај разочарувањето од ремито со Нотингем, тој верува дека тимот сè уште има шанса за трофеј, ако не во домашното првенство, тогаш во Лигата на шампионите. „Доминиравме на теренот и не им дозволивме да создадат шанси, но повторно ни недостигаше прецизност во завршницата. Загубивме два бода и тоа боли, но не се предаваме. Борбата продолжува, а пред нас е и Лигата на шампионите“, изјави Артета. Арсенал има проблеми во офанзивниот дел од тимот, поради што Артета е принуден во шпицот да го користи Микел Мерино, кој природно не е напаѓач. Исто така, ограничени се и опциите за крилните позиции. Сепак, добра вест за „топчиите“ е што ќе имаат време да се подготват за дуелот со ПСВ во Лигата на шампионите, бидејќи овој викенд немаат обврски во Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |