Мурињо доби голема суспензија, ќе плати и парична казна

February 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо доби голема суспензија, ќе плати и парична казна

Фенербахче и Галатасарај одиграа нерешено во големото дерби на Турција, што ја задржа предноста од шест бода за актуелниот шампион на 12 кола до крајот на првенството. Иако мечот заврши без голови и беше суден од Славко Винчиќ, странски арбитер, предводникот на Фенербахче, Жозе Мурињо, се најде во центарот на вниманието поради своите постапки и изјави кои не беа добро прифатени. Поради тоа, дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација му изрече жестока казна. „Специјалниот“ беше санкциониран врз основа на два прекршоци, при што доби суспензија од четири натпревари и дополнително мора да плати 35,000 фунти. Ова значи дека Мурињо нема да може да ги води своите играчи во дуелите против Анталијаспор, Самсунспор, Бодрумспор и Трабзонспор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.