February 28, 2025 | | Свет
Нејмар откри интересна приказна од 2012 година, кога Пеп Гвардиола се обидел да го убеди да му се придружи во клубот во кој ќе ја продолжи својата кариера. Иако првично не откри за кој тим станува збор, подоцна било јасно дека се работи за Баерн Минхен. Гостувајќи во поткаст во родниот Бразил, напаѓачот сподели како една вечер во 2 часот на вратата му се појавил Гвардиола во придружба на неговиот татко и преведувач. „Бев по боксерки кога ја отворив вратата и ги здогледав нив тројцата. Веднаш облеков шорцеви и маичка и седнав во собата“, раскажа Нејмар. Гвардиола му ја претставил својата визија и ветил дека ќе го направи најдобриот фудбалер во светот. „Тогаш немаше тим, но ми рече: ‘Сакам да те однесам во клубот каде што ќе одам. Ќе играш на овие позиции, вака ќе се движиш, ќе правиш ова и ова. Ако не дадеш 60 голови во сезона, ќе си го сменам името’.“ Нејмар бил импресиониран од презентацијата, но го прашал кој е клубот. Првично, Гвардиола не сакал да каже, но на крајот открил: „Ќе потпишам со Баерн Минхен. Знам дека во Минхен е студено, но ќе се погрижам да имаш сè.“ Сепак, Бразилецот донесе поинаква одлука и на крајот ја избра Барселона како своја следна дестинација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |