Консеисао: Ќе заминам ако јас сум проблемот

February 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао: Ќе заминам ако јас сум проблемот

Милан продолжува да разочарува и под водство на Серџо Консеисао, кој се соочува со сериозни критики поради слабите резултати на тимот. „Росонерите“ прво беа елиминирани од Феенорд, а синоќа не успеаја да го задржат водството и загубија од Болоња со 2-1. По најновиот неуспех, Консеисао отворено зборуваше за својата позиција во клубот, истакнувајќи дека е подготвен да си замине доколку тој е причината за лошите резултати. „Ако сум јас проблемот, ќе си заминам без да побарам ниту едно евро. Во кариерата имам околу сто натпревари во Лигата на шампионите и 13 освоени трофеи. А има тренери без ниту еден трофеј кои сепак добиваат огромна поддршка. Тоа не е фер“, изјави Португалецот. По 26 одиграни кола во Серија А, Милан се наоѓа на осмото место на табелата со 41 освоен бод, далеку од очекувањата на навивачите и раководството.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.