ОФИЦИЈАЛНО: Илчо Ѓорѓиоски е нов тренер на Струга ТЛ – Статива

ОФИЦИЈАЛНО: Илчо Ѓорѓиоски е нов тренер на Струга ТЛ

February 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ОФИЦИЈАЛНО: Илчо Ѓорѓиоски е нов тренер на Струга ТЛ

Актуелниот шампион Струга Трим Лум има нов предводник – поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски. Тој на тренерската позиција го заменува Ќатип Османи, кој поднесе оставка по поразот од Вардар.

Последниот ангажман на Ѓорѓиоски пред да ја преземе Струга беше во Грција, каде што во 2023 година ја водеше екипата на Каламата. Покрај тоа, во својата тренерска кариера работел и со Брегалница, Вардар и Македонија Ѓорче Петров, а бил и селектор на македонската репрезентација до 19 години.

Струга во моментот заостанува 11 бода зад лидерот Шкендија, што значи дека одбраната на титулата ќе биде исклучително тешка задача за новиот стратег.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.