February 28, 2025 | | Свет
Баерн Минхен забележа победа од 1-3 (1-1) на гостувањето кај Штутгарт во првиот натпревар од 24. рунда во Бундеслигата. Штутгарт прв стигна до водство преку Стилер, кој погоди во 34. минута. Сепак, Баерн израмни преку Олис во финишот на првиот дел, а потоа Леон Горецка во 64. минута го донесе целосниот пресврт. Точка на триумфот стави Коман со гол во последните моменти од натпреварот. Пресметката на „МХП Арена“ понуди четири погодоци и радост за гостинскиот тим. Со оваа победа, Баерн сега има 61 бод, што е 11 повеќе од актуелниот шампион Баер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |