Меси: Поминав две тешки години во ПСЖ

March 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси: Поминав две тешки години во ПСЖ

Лионел Меси откри дека не уживал во престојот во ПСЖ и дека трансферот во Интер Мајами го видел како вистинска можност да ја промени ситуацијата. „Не бев среќен во Париз, ниту на тренинзите, ниту на натпреварите. Тешко ми беше да се прилагодам на целата околина. Двете години таму не беа она што го очекував“, изјави 37-годишниот Аргентинец во интервју за Apple Music. Меси нагласи дека одлуката да премине во Интер Мајами била донесена по сериозни размислувања, а преселбата во американскиот клуб ја гледал како нова можност. „Ми беше јасно дека морам да направам промена. Ова е нов клуб што расте, а јас уживам во секојдневието тука – тренинзите, натпреварите, времето со пријателите и семејството. Навистина сум среќен“, додаде тој. Меси беше дел од ПСЖ од август 2021 до јули 2023 година, откако претходно целата своја кариера ја помина во Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.