Веќе се познати детали за враќањето на Нејмар во Барселона

March 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Веќе се познати детали за враќањето на Нејмар во Барселона

Нејмар испратил јасен сигнал до тренерот на Барселона, Ханси Флик, и спортскиот директор, Деко, дека би сакал повторно да го облече дресот на каталонскиот клуб, пренесува Дејвид Орнстин од The Athletic. Според извори, првичните разговори меѓу агентот на бразилската ѕвезда, Пини Захави, Барселона и неговиот сегашен клуб веќе започнале. Иако враќањето на Нејмар првично не било во плановите на „блауграна“, идејата сега изгледа пореална. Сепак, тренерот Флик има дилеми дали тимот навистина има потреба од Нејмар. Фудбалерот, пак, е подготвен да направи финансиски отстапки и да прифати помала улога во екипата. Голем поддржувач на овој трансфер е и претседателот на клубот, Жоан Лапорта, кој силно ја посакува неговата повторна интеграција. Нејмар го носеше дресот на Барселона од 2013 до 2017 година, настапувајќи на 186 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна 105 голови и забележа 76 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.