March 1, 2025 | | Македонија
Трајче Сенев повеќе не е тренер на Брегалница, а клубот од Штип ја потврди оваа одлука. Разделбата е постигната со спогодбен договор, а тимот на следниот натпревар ќе го предводи досегашниот асистент тренер, Ристе Наумов. Оваа промена доаѓа по денешниот убедлив пораз од Саса со 4-0, кој го спушти Брегалница на третото место во Втората македонска фудбалска лига. Одлуката беше очекувана, со оглед на резултатската криза во која се најде тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |