Аморим: Наша цел е да ја освоиме Премиер лигата

March 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Наша цел е да ја освоиме Премиер лигата

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден неуспех оваа сезона, откако беше елиминиран од ФА Купот по пенал-серијата против Фулам. Со тоа, единствената можност за освојување трофеј останува Лигата на Европа, каде тимот ќе се соочи со Реал Сосиедад во осминафиналето. И покрај разочарувачкиот настап на домашната сцена, Рубен Аморим останува амбициозен и јасно ја постави визијата на клубот: „Нашата долгорочна цел е да ја освоиме Премиер лигата. Не знам кога тоа ќе се случи и колку време ќе ни треба, но ќе продолжиме да работиме кон тоа.“ По 27 одиграни натпревари, Јунајтед се наоѓа на 14-тата позиција во Премиер лигата со 33 освоени бода – огромни 34 помалку од лидерот Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.