March 3, 2025 | | Свет
Поранешниот голгетер на Арсенал, Тео Волкот предложи три засилувања што би можеле да го кренат тимот на ниво потребно за освојување на Премиер лигата. Во последните неколку натпревари, „топчиите“ значително ја намалија својата шанса за титулата, откако забележаа киксови против Вест Хем и Нотингем Форест. Во исто време, Ливерпул ги доби клучните дуели со Манчестер Сити и Њукасл, со што ја зголеми предноста на врвот на табелата на 13 поени. Волкот смета дека Арсенал треба да инвестира во напаѓачката линија и да ги ангажира Александер Исак од Њукасл, Брајан Мбеумо од Брентфорд и Калум Хадсон-Одои од Нотингем Форест за да ја засили конкуренцијата во нападот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |