March 3, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед повеќе од десет години не успева да се врати на триумфалните патеки кои ги трасираше во времето на Сер Алекс Фергусон. Овој долг период без титула започна токму со неговото пензионирање, а клубот и денес не успева да ја најде вистинската формула за враќање на врвот. Последниот трофеј во Премиер лигата пристигна во неговата последна сезона на „Олд Трафорд“, но и покрај бројните промени на менаџерската позиција и огромните финансиски вложувања, Јунајтед оваа сезона изгледа поразително. По Ерик Тен Хаг, тренерската палка ја презеде Рубен Аморим, но тимот под негово водство изгледа уште понеорганизирано. Ова само дополнително го засилува притисокот врз клубот, кој веќе подготвува нова стратегија за летниот трансфер период. Португалскиот стручњак ќе има можност да го изгради својот тим и да го врати Јунајтед на победничкиот пат, но засега критиките за падот на „Олд Трафорд“ не стивнуваат. Гери Линекер е последниот кој даде свое мислење за кризата во клубот, а неговите зборови беа насочени и кон Сер Алекс Фергусон. „Ако го погледнеме Ливерпул денес, Арне Слот доаѓа во клуб што е одлично поставен благодарение на Јирген Клоп. Структурата што ја остави Клоп е извонредна, што не можеше да се каже при заминувањето на Фергусон.“ „Јунајтед ја освои титулата во неговата последна сезона, но тоа не беше нивниот најсилен тим. Некои од клучните играчи беа на залезот на кариерите, а проблемите започнаа токму од тој момент“, заклучи Линекер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |