Романо објави: Мбапе потпиша за Реал Мадрид

June 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Романо објави: Мбапе потпиша за Реал Мадрид

Сагата конечно заврши, Мбапе ќе биде фудбалер на Реал Мадрид. Откако ги одби во 2018 и во 2022 година, сега конечно Мбапе ќе стане Мадридиста.

Познатиот Фабрицио Романо објави дека сите документи се потпишани и дека следната недела и официјално тимот од Мадрид ќе го потврди трансферот.

Како што тврди тој, Мбапе донел одлука во февруари дека ќе потпише за Реал и дека веќе може да се смета за играч на Реал Мадрид.

Иако тој не спомена до која година ќе трае договорот, се шпекулира дека тој потпишал до 2029 година.
 

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.