Реал Мадрид подобар во првиот меч во вечното дерби „Ел Мадрилењо“ (ВИДЕО)

March 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид подобар во првиот меч во вечното дерби „Ел Мадрилењо“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид ќе гостува со еден гол предност на „Ванда Метрополитано“ наредната недела против Атлетико Мадрид при што резултатот беше конечни 2-1 за домаќините. Реал рано поведе преку Родриго кој прекрасно се проби и беше прецизен со неговата послаба нога. По тој гол, домаќините ја имаа иницијативата и го напаѓаа градскиот ривал, но без некоја конкретна шанса. Само 28 минути подоцна Хулиан Алварез прекрасно погоди и го врати резултатот на почеток. Прекрасниот Аргентинец влезе во шеснаесетникот по што реши да бие и да погоди прекрасно со помош на стативата. На самиот старт на вториот дел, Брахим Дијаз прекрасно се снајде во шеснаесетникот на Атлетико и со неговата послаба нога успеа да погоди со што ги постави конечните 2-1. Реваншот се игра за 8 дена на „Ванда Метрополитано“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.