March 5, 2025 | | Свет
Реал Мадрид оствари победа од 2-1 против Атлетико на свој терен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Родриго уште во 4. минута го доведе домаќинот во водство, но Јулијан Алварез израмни во 32. минута. Победничкиот погодок на „Сантијаго Бернабеу“ го постигна 25-годишниот марокански репрезентативец Брахим Дијаз во 55. минута. Со одличен дриблинг помеѓу двајца противници, Дијаз упати фантастичен удар во далечниот агол, а дури ни одличниот Јан Облак не успеа да го спречи погодокот. Веднаш по голот, тој истрча кон трибините и славеше со навивачите на Реал. И покрај тоа што цврстата одбрана на Атлетико предводена од Диего Симеоне успеа да го неутрализира Килијан Мбапе, ограничувајќи го на само еден удар кон голот на Облак, Дијаз одигра блескаво и го однесе својот тим до важна победа. Овој гол предизвика многу реакции на „Бернабеу“, но и дискусии во шпанските медиуми. Додека некои сметаат дека ВАР требаше да го поништи погодокот, други веруваат дека нема причина за контроверзии. Причината за дебатата е тоа што Винисиус Јуниор се наоѓаше во офсајд-позиција, што според некои експерти му го попречи видното поле на Облак. Судискиот аналитичар Павел Фернандез изјави: „Тоа е класичен пример на позиционен офсајд. Винисиус беше на околу еден и пол метар од Облак, што значи дека голманот на Атлетико немаше целосен преглед на ситуацијата. Судијата не е виновен, но ВАР требаше да реагира.“ Сепак, постојат и спротивни мислења – дел од експертите сметаат дека позицијата на Винисиус не влијаела на одбраната на Облак и дека голот е сосема регуларен. Овој натпревар само ја зголеми тензијата пред реваншот следната недела.
😱 ¡El gol de Brahim debió ser ANULADO!@PavelFdez : "Vinicius está en posición ilegal y en la línea de disparo, a metro y medio de Oblak" 📻https://t.co/NLZYeq0iTi pic.twitter.com/JzhfaDl6Rv
— Radio MARCA (@RadioMARCA) March 4, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |