ЛШ денес: Не очекува спектакл во Париз, но и тесен меч во Минхен

March 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ЛШ денес: Не очекува спектакл во Париз, но и тесен меч во Минхен

Осминафиналната фаза од Лигата на шампионите продолжува со нова рунда возбудувања и натпревари кои привлекуваат големо внимание. Најголемото дерби ќе се одигра во Париз, каде што ПСЖ ќе го пречека Ливерпул на „Паркот на принцовите“. Тимот на Луис Енрике одигра фантастична сезона, но и противникот предводен од Арне Слот е во одлична форма, што го прави овој двомеч еден од најинтересните во осминафиналето. Возбудлив дуел ќе има и на „Алијанц Арена“, каде што Баерн Минхен ќе биде домаќин на Баер Леверкузен. Германскиот првак ќе се соочи со најголемиот тим од својата земја во моментот, што ветува спектакл на теренот. Во меѓувреме, Интер и Барселона ќе имаат тешки гостувања. Италијанскиот шампион ќе игра против Феенорд на „Де Кајп“, додека Барселона ќе се обиде да извлече позитивен резултат на „Да Луж“ против Бенфика.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.