March 6, 2025 | | Свет
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, не остана рамнодушен во тунелот за време на натпреварот против Пари Сен Жермен, кога спортскиот директор на францускиот клуб, Луис Кампос, вербално го нападна главниот судија поради контроверзната ситуација со Ибрахима Конате и Бредли Баркола. По завршувањето на првото полувреме, Кампос го обвини судијата Давиде Маса дека не досудил прекршок, кој, според него, требаше да резултира со пенал или црвен картон. „Ова е јасен прекршок на кое било место во светот. Туркањето во грбот е очигледно. Бидејќи последниот играч спречува чиста гол-шанса, ова мора да биде црвен картон“, изјави Кампос. Ван Дајк, гледајќи ја ситуацијата, му возврати со зборовите: „Ова не ти е Лига 1 брате“. Холанѓанецот се осврна на француското првенство, каде што ПСЖ доминира со десет титули во последните 12 сезони и најверојатно ќе освои уште една оваа година.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |