Левандовски ќе биде спремен за дуелот со Австрија

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Левандовски ќе биде спремен за дуелот со Австрија

Роберт Левандовски поради повреда го пропушти првиот дуел на Полска против Холандија, иако беше на клупата. Неговата репрезентација загуби од Холандија со 2:1 каде Вегхорст во 83.минута го реши натпреварот. Според Австриската новинска агенција „АПА“, Левандовски ќе биде во составот на Полска и ќе се обиде да и помогне на својата селекција. Тој е најдобриот стрелец во историјата на полската репрезентација со 82 гола на 150 натпревари, а ова можеби е и неговото последно Европско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.