Омерагиќ откри скандал: Од УЕФА добивме список со луѓе и клубови кои наводно местеле!

March 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Омерагиќ откри скандал: Од УЕФА добивме список со луѓе и клубови кои наводно местеле!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во интервју за Македонската телевизија ги сподели своите планови и идеи за подобрување на квалитетот на фудбалот во земјата. Во разговорот, тој нагласи дека ФФМ, во соработка со УЕФА, работи на истражување на можни сомнителни активности и неспортски однесувања во македонскиот фудбал. Омерагиќ најави дека сите релевантни информации ќе бидат јавно објавени во вистинскиот момент, заедно со конкретни имиња, клубови и натпревари што се под истрага. „Од одделот за интегритет на УЕФА добивме официјален допис во кој се посочени одредени личности со име и презиме, за кои постои сомнение дека биле инволвирани во сомнителни активности. Се работи за натпревари од домашните лиги, Купот на Македонија, како и некои пријателски средби. Оваа соработка со УЕФА ќе ја истераме до крај. Ако некој мисли дека со напади и инсинуации ќе не поколеба во оваа борба, тогаш сериозно се лаже. Кога ќе дојде време, ќе објавиме се“, изјави претседателот на ФФМ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.