March 8, 2025 | | Свет
Ливерпул направи уште еден голем чекор кон шампионската титула, совладувајќи го Саутемптон со пресврт од 3-1 во 28. коло на Премиер лигата. Иако „црвените“ на Арне Слот не го започнаа натпреварот на посакуваниот начин, а нивната игра во првото полувреме изгледаше неубедливо, гостите од Саутемптон ја искористија таа ситуација. Вилијам Смолбоун ги изненади домаќините со погодок пред крајот на првиот дел, па „фенерџијата“ замина на одмор со минимална предност од 0-1. Сепак, лидерот на табелата брзо ја презеде контролата во продолжението. Дарвин Нуњез израмни само седум минути по стартот на вториот дел, а потоа Мохамед Салах донесе пресврт со прецизно изведен пенал. Египетскиот „фараон“ подоцна постигна уште еден гол во 87. минута кога повторно беше прецизен од белата точка за конечни 3-1. Со оваа победа, тимот од „Енфилд“ се оддалечи на 16 бодови од Арсенал, кој има два натпревари помалку, но „црвените“ изгледаат навистина блиску до титулата во Премиер лигата. Во останатите натпревари, Брајтон победи против Фулам со 2-1 благодарение на пеналот на Жоао Педро во последните моменти од средбата, додека Кристал Палас славеше со 1-0 против Ипсвич Таун, запишувајќи ја третата последователна победа во првенството.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |