March 9, 2025 | | Свет
Барселона и целата фудбалска заедница беа потресени од ненадејната смрт на докторот Карлес Мињаро Гарсија, кој почина само неколку часа пред закажаниот дуел против Осасуна. Овој трагичен настан доведе до итно одложување на натпреварот, а точните причини за смртта сѐ уште не се утврдени. Според шпанските медиуми, Гарсија ненадејно починал додека одмарал попладне, за време на традиционалната „сиеста“. Тој беше дел од Барселона од 2017 година, почнувајќи во футсал тимот, а оваа сезона имаше значајна улога како втор најважен член на медицинскиот тим, соработувајќи директно со д-р Рикард Пруна. На 2 февруари, токму д-р Мињаро беше оној што на теренот му дијагностицираше потрес на мозокот на Гави во натпреварот против Алавес. Неговата смрт остави длабока празнина во клубот и Ла Лига, а целиот тим беше во шок по веста која пристигна неочекувано.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |