Атлетико ја прокоцка предноста и загуби кај Хетафе (ВИДЕО)

March 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико ја прокоцка предноста и загуби кај Хетафе (ВИДЕО)

Хетафе приреди големо изненадување попладнево, совладувајќи го Атлетико Мадрид со 2:1 на домашен терен. Иако натпреварот изгледаше како да ќе заврши без голови, со оглед на тоа што немаше погодоци до 75. минута, завршницата донесе вистинска драма со три гола и црвен картон. Прв до водство стигна Атлетико, откако Сорлот реализираше удар од белата точка. Но, ситуацијата брзо се промени – во 86. минута Кореа доби црвен картон, а веќе во следната минута Арамбари успеа да израмни на 1:1. Токму тој во втората минута од судиското продолжение повторно се запиша во листата на стрелците, осигурувајќи ѝ на Хетафе значајни три бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.