March 9, 2025 | | Свет
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, не го криеше своето незадоволство од начинот на кој тимот одигра во триумфот од 3-1 против Саутемптон во 28. коло од Премиер лигата. „Во соблекувалната владееше разочарување. Во првото полувреме бевме премногу пасивни и невнимателни, што му овозможи на противникот да поведе непосредно пред паузата. Сепак, нашето искуство пресуди – успеавме да ја преземеме контролата врз играта, и горд сум што тимот покажа карактер. Дали ова беше натпревар достоен за шампиони? Не би рекол. Очигледно не бевме на високо ниво во првото полувреме, а и во вториот дел бевме само малку подобри. Но, за да освоите трофеи во Премиер лигата или Лигата на шампионите, мора да победувате и кога не играте совршено“, изјави Салах за официјалниот сајт на клубот. Покрај вчерашниот лош настап на Ливерпул, уште полош беше оној против ПСЖ во кој иако Ливерпул славеше со минимални 0-1, прикажа очајна игра со само два шутеви на цел натпревар. Со 70 освоени бодови, Ливерпул ја задржува лидерската позиција во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот има предност од 15 бодови пред второпласираниот Арсенал, но „црвените“ имаат одиграно еден натпревар помалку. Ова значи дека скоро па сигурно Ливерпул ќе биде новиот шампион на Англија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |