June 19, 2024 | | Свет
Според информациите на Фабрицио Романо, Жан-Клер Тодибо не се очекува да му се приклучи на Манчестер Јунајтед поради правилата на УЕФА. Разговорите беа во напредна фаза, а Јунајтед со месеци преговараше за Тодибо, но сега дојде до пресврт. Имено, Јунајтед и Ница имаат ист сопственик, а тоа е INEOS, па тука е првиот проблем. Вториот проблем зошто УЕФА не го одобрува ваквиот трансфер е играњето на двете екипи во исто натпреварување, поточно во Лига Европа, каде и двете екипи следната сезона ќе играат во ова натпреварување. За Тодибо конкретен интерес покажаа уште четири клуба од Шпанија, Англија и Германија. Тој игра како стопер, а според Transfermarkt неговата вредност е 35 милиони евра. Со Ница има договор до 2027 година.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |