March 10, 2025 | | Свет
Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа дерби без победник на „Олд Трафорд“, при што домаќините поведоа со прекрасен погодок на Бруно Фернандеш, додека Деклан Рајс донесе израмнување во продолжението на натпреварот.
По мечот, многу се зборуваше за слободниот удар на Португалецот, кој ја искористи неправилно поставената одбрана на противникот. Судијата Ентони Тејлор го позиционираше живиот ѕид на преку 10 метри наместо на стандардните 9,15 метри, што му овозможи на Фернандеш полесно да ја префрли топката и да ја затресе мрежата.
Кристијан Ериксен јавно призна дека ваквата ситуација му помогнала на соиграчот:
„Прекрасно погоди, но дефинитивно имаше среќа што играчите на Арсенал стоеја многу подалеку од вообичаеното. Тоа беше во наша корист“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |