March 10, 2025 | | Македонија
Во рамките на 24. коло од Првата фудбалска лига, дербито помеѓу Вардар и Шкендија ќе биде единствениот натпревар што ќе се одигра в петок, на 14 март од 15 часот. Вардар моментално се наоѓа на осмото место на табелата со 21 бод и е во серија од четири натпревари без пораз. Тимот ќе се обиде да го запре лидерот Шкендија, која има 49 бодови, четири повеќе од Силекс, и продолжува со походот кон шампионската титула. Натпреварот ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека останатите натпревари од ова коло ќе бидат одиграни на 15 март. Останати натпревари (сабота 15:00 часот) Брера Струмица – Силекс Беса – Струга Шкупи – Пелистер Тиквеш – Гостивар Воска Спорт – Работнички
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |