ПСЖ сака чудо на „Енфилд“, Барселона, Баерн и Интер треба да ја потврдат улогата на фаворит

March 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Анализи

ПСЖ сака чудо на „Енфилд“, Барселона, Баерн и Интер треба да ја потврдат улогата на фаворит

Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат со првите реванш натпревари од осминафиналната фаза. Барселона и Бенфика ќе го отворат денешниот ден со пресметка во Каталонија од 18:45 часот. Шпанскиот гигант има минимална предност од првиот дуел, но ќе мора да го издржи налетот на португалскиот претставник. Баерн Минхен и Интер се во потрага по потврда на своето место во четвртфиналето. Баварците патуваат кај Баер Леверкузен со убедливо водство од 3-0 и речиси осигурана позиција. Во меѓувреме, Интер на „Џузепе Меаца“ ќе се обиде да ја одбрани предноста од два гола против Феенорд. Најголемото внимание е насочено кон „Енфилд“, каде што Ливерпул го пречекува ПСЖ. „Црвените“ славеа во првиот натпревар со минимални 1-0 благодарение на голот на Харви Елиот, иако беа подредени на теренот. Очекувањата се дека гостите ќе настапат уште поофанзивно, а дуелот помеѓу Арне Слот и Луис Енрике ќе донесе вистинска тактичка битка. Денешните натпревари во Лигата на шампионите: 18:45 Барселона – Бенфика 21:00 Баер Леверкузен – Баерн Минхен Интер – Феенорд Ливерпул – ПСЖ

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.