Елмас е во тимот на колото во Серија А (ФОТО)

March 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас е во тимот на колото во Серија А (ФОТО)

Елиф Елмас продолжува да блеска по враќањето во Италија, а неговите одлични настапи за Торино не останаа незабележани. Македонскиот репрезентативец влезе во тимот на колото во Серија А, како единствен фудбалер од неговиот клуб меѓу најдобрите 11 во изминатиот викенд. Елмас прикажува сè подобри игри, а признанијата за неговите настапи веќе почнаа да пристигнуваат. Во само четири натпревари за Торино, тој постигна три гола, притоа погодувајќи на сите гостувања. Во идеалниот тим на колото, Елмас се најде заедно со фудбалери како Раду, Запакоста, Валери, Бириндели, Де Рон, Чалханоглу, Пулишиќ, Крстовиќ, Пелегрино и Лукаку.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.