March 11, 2025 | | Свет
Столе Димитриевски добива сè поголема поддршка од навивачите на Валенсија, кои веруваат дека треба да биде прв избор меѓу стативите.
Во неколку натпревари од Ла Лига, македонскиот голман ја доби шансата да го брани голот на Валенсија, додека Мамардашвили беше отсутен поради повреда. Но, по враќањето, грузискиот голман повторно го зазеде своето место во почетниот состав.
Шпанскиот весник „Марка“ неодамна спроведе анкета, прашувајќи ги навивачите кој треба да биде стартен голман на тимот, а резултатите беа јасни – две третини од фановите сметаат дека Димитриевски го заслужува тоа место.
Сезонава, Мамардашвили има пад во формата, а многумина веруваат дека тоа се должи на фактот што веќе размислува за Ливерпул, каде што треба да се пресели за 35 милиони евра.
„Мамардашвили брани навистина слабо оваа сезона и директно е виновен за неколку загубени бодови. Последниот негов кикс беше против Ваљадолид, па прашањето е сосема оправдано“, објави „Марка“ во својата анализа.
Анкетата која се уште трае, може да ја видите ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |