March 11, 2025 | | Свет
Барселона убедливо ја совлада Бенфика со 3-1 и со вкупен резултат од 4-1 патува меѓу најдобрите осум во Лигата на шампиони. Резултатот го отвори Рафиња по прекрасна асистенција на Ламин Јамал. Само две минути подоцна, Бенфика возврати преку Отаменди со гол од корнер.
Барселона го врати водството преку Ламин Јамал кој прекрасно погоди со удар надвор од шеснаесетникот. Пред самиот крај на првото полувреме, Рафиња постигна уште еден гол со што го потврди пласманот на Барселона во следната фаза. Во првиот дуел во Лисабон Барселона славеше со минимални 0-1 каде и тогаш Рафиња беше во центарот на вниманието со својот прекрасен гол од далечина. Барселона во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од двомечот Дортмунд-Лил.Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |