Ливерпул е елиминиран од Лигата на шампиони! (ВИДЕО)

March 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул е елиминиран од Лигата на шампиони! (ВИДЕО)

ПСЖ успеа да го елиминира Ливерпул од Лигата на шампиони после изведувањето на пенали каде херој на крај беше Донарума кој успеа да одбрани два пенали во пенал-серијата. Во првиот натпревар Ливерпул славеше во Париз со 0-1, а во реваншот после регуларните 90 минути и продолженијата од 30 минути водеше ПСЖ со 1-0 со голот на Дембеле. Ливерпул имаше иницијатива на теренот, создаваше шанси, особено во второто полувреме, но никако не успеа да ја затресе мрежата. Од друга страна, ПСЖ исто така имаше свои можности за втор погодок, но ниту тие не реализираа, што значеше дека натпреварот ќе продолжи во дополнителни 30 минути. Во продолженијата, двата тима продолжија со нападите, но мрежите останаа недопрени, па победникот мораше да се одлучи преку пенал-серијата. Во првиот круг, Витиња го совлада Алисон со многу среќа, додека Салах на спротивната страна беше сигурен за 1:1. Во вториот круг, Рамос прецизно реализираше за ПСЖ, а Донарума го запре ударот на Дарвин Нуњез, носејќи предност за францускиот тим. Третата серија донесе нов погодок за ПСЖ, овој пат преку Дембеле, додека Кертис Џонс не успеа да ја совлада италијанската „стена“ на голот. Одлучувачкиот момент се случи во четвртата серија, кога Дуе беше прецизен за конечни 4:1, со што ПСЖ обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.