Новоматик е новиот спонзор на ФФМ

March 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Новоматик е новиот спонзор на ФФМ

Новоматик Македонија стана дел од тимот на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор, обезбедувајќи значајна поддршка за македонскиот фудбал. Соработката беше официјално објавена на свечен настан, каде што присуствуваа генералниот директор на Новоматик Македонија, Александар Симовиќ, раководството на компанијата и највисоките претставници на ФФМ. Ова партнерство опфаќа двегодишен спонзорски договор вреден милион евра, со кој компанијата ја зацврстува својата долгорочна посветеност кон поддршката на македонскиот спорт. Претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ, се заблагодари на Новоматик Македонија и истакна дека ова не е само финансиска поддршка, туку заедничка визија за нови спортски успеси. „Горди сме што имаме партнер кој не само што го поддржува фудбалот, туку и пошироката заедница. Оваа соработка отвора нови можности за нашиот тим и нашите навивачи“, изјави Омерагиќ. Марија Митреска, претставник на Новоматик Македонија, нагласи дека вложувањето во спортот е дел од стратегијата за корпоративна одговорност на компанијата, но и искрена желба да се придонесе за развојот на македонскиот фудбал. „Нашата посветеност кон спортот и младите е од суштинско значење. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и ќе инспирира многу генерации фудбалери“, истакна Митреска. Од Новоматик Македонија истакнуваат дека веќе долго време вложуваат во македонскиот спорт, поддржувајќи фудбалски, кошаркарски и ракометни клубови, како и индивидуални спортисти. Покрај спортот, компанијата инвестира и во здравството, образованието и културните иницијативи, зацврстувајќи ја својата улога како општествено одговорен партнер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.