ЛШ: Вила и Арсенал рутински до четвртфинале, во Мадрид продолженија (ВИДЕО)

March 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ЛШ: Вила и Арсенал рутински до четвртфинале, во Мадрид продолженија (ВИДЕО)

Астон Вила и Арсенал обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите и ќе ја претставуваат Англија во завршницата на најелитното европско натпреварување. Арсенал уште во првиот натпревар во Холандија го реши двомечот со ПСВ, па во реваншот одигра рутински, дозволувајќи реми (2:2). Зинченко и Рајс ги донесоа „топчиите“ во водство, но Перишиќ и Дриух погодија за израмнување. Головите погледнете ги ТУКА. Астон Вила, пак, ја искористи предноста на домашен терен и бројчаната надмоќ против Бриж, па во периодот од 50. до 61. минута постигна три гола. Асенсио двапати се запиша во листата на стрелци, а Матсен додаде еден погодок за конечни 3:0. Головите погледнете ги ТУКА. Од првиот дуел Астон Вила имаше предност од 3:1. Во четвртфиналето, Вила ќе се сретне со ПСЖ, додека Арсенал ќе игра против победникот од дербито меѓу Реал и Атлетико Мадрид. Во овој момент градските ривали започнаа со двете продолженија од по 15 минути.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.