Најпрецизна снимка од спорниот пенал на Алварез и двојниот допир (ВИДЕО)

March 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Најпрецизна снимка од спорниот пенал на Алварез и двојниот допир (ВИДЕО)

Многу контроверзии предизвика вчерашниот натпревар меѓу Атлетико и Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Кралевите“ обезбедија пласман понатаму поуспешно изведувајќи пенали, но еден момент од серијата удари од белата точка остана под знак прашалник. Во втората серија, Алварез успешно ја затресе мрежата за Атлетико, но при изведбата се лизна, што на прв поглед не изгледаше спорно. Сепак, по сигнализација од ВАР, главниот судија Марчињак ја преиспита ситуацијата и донесе одлука да го поништи голот. Причината за поништувањето беше двојниот контакт со топката при изведувањето на пеналот, што според правилата не е дозволено, па Реал доби предност во драматичната завршница.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.