March 13, 2025 | | Свет
Атлетико Мадрид на несекојдневен начин ја заврши својата авантура во Лигата на шампионите. Во осминафиналниот реванш против Реал Мадрид, „јорганџиите“ славеа со 1:0 на домашен терен, но на крајот беа елиминирани по пеналите, кои завршија со 4:2 во корист на „кралевите“. Клучниот момент во пенал серијата се случи кога Хулијан Алварез ја изведе својата ударна точка во втората серија. Аргентинецот се лизна при ударот, но топката сепак заврши во мрежата. Првично сè изгледаше регуларно, но ВАР се вмеша и донесе пресуда – голот беше поништен, бидејќи Алварез двапати ја допрел топката. По натпреварот, тренерот на Атлетико Мадрид изрази неверување за одлуката на ВАР, истакнувајќи дека никогаш досега не видел нешто слично. „Јасно видов дека Хулијан ја спушти ногата и дека топката не се движеше, но ВАР одлучи поинаку. Ваква ситуација не сум сретнал во животот, но сакам да верувам дека правилно пресудија. Дали некогаш сте виделе ВАР да интервенира во пенал серија?“ – изјави Симеоне, а потоа им се обрати на новинарите со провокативно прашање. „Кој од вас навистина виде дека ја допре топката двапати? Немојте да се плашите, кренете рака ако сте сигурни дека тоа се случи.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |