Заврши сагата: Кимих останува во Баерн до 2029 година!

March 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Заврши сагата: Кимих останува во Баерн до 2029 година!

Баерн Минхен попладнево официјално потврди дека постигнал договор со Џошуа Кимих, кој ќе остане во клубот до јуни 2029 година. Германскиот гигант ризикуваше да го загуби искусниот играч од средниот ред без обесштетување, откако на почетокот на месецов ја повлече понудата за нов договор. Иако ПСЖ и Арсенал брзо испратија свои предлози, Баерн и Кимих успеаја да ги обноват преговорите и конечно се договорија за продолжување на соработката. „Во Баерн ја имам најдобрата околина за да ги остварам спортските цели. Ја донесов одлуката на основа на ова. Во моментов нема подобар пакет од соиграчи, тренерски персонал и клупска околина за да остварам максимален успех. Се чувствувам комфорно тука и имам уште многу да понудам“ – рече Џошуа Кимих.

Кимих пристигна во Баерн Минхен од редовите на Штутгарт во 2015 година за 8,5 милиони евра, претходно играше и за РБ Лајпциг. Како младинец настапуваше исто така за Штутгарт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.