March 13, 2025 | | Свет
Поранешниот шпански судија Антонио Матеу Лахоз, кој сега е професионален коментатор, даде свое мислење за спорната одлука на Шимон Марчинијак, кој го поништи голот на Алварез во пенал-серијата против Реал Мадрид. Лахоз не бил задоволен што главниот судија веднаш ја прифатил одлуката од ВАР без лично да ја прегледа снимката. „Кога се носи одлука толку брзо, тоа значи дека ситуацијата е јасна. Но, секогаш недостига транспарентност. Би сакал сите да ја видиме ситуацијата низ очите на главниот судија пред мониторот. Тоа би помогнало да се избегнат контроверзии што му штетат на фудбалот“, изјави Лахоз за ТВ Мовистар. Тој додаде дека, доколку бил на местото на Марчинијак, немало да биде спокоен сè додека не ја погледне снимката сам. „Судијата мора да биде тој што ја носи конечната одлука, а не технологијата. Ако јас ја донесев оваа одлука, ќе сакав прво сам да ја видам ситуацијата од секој агол и потоа да проценам. Начинот на кој што постапи Марчинијак остава простор за сомнеж“, заклучи Лахоз, кој ја заврши својата судиска кариера во 2023 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |