March 14, 2025 | | Македонија
Фудбалерите на Вардар и Шкендија одиграа нерешено 1:1 во дербито на колото во рамките од 24. коло во ПМФЛ, кое денеска се одржа на теренот на ФФМ. Првото полувреме донесе многу возбудувања, при што Вардар тргна офанзивно уште од почетокот. Сепак, првото водство го презеде Шкендија, кога Решат Рамадани со одличен удар од далечина во 21. минута го совлада голманот Михаил Талевски. Вардар веднаш реагираше и само четири минути подоцна Спахиу израмни на 1-1. По изедначувањето, Вардар продолжи со напаѓачки пристап, но и Шкендија во одредени моменти создаваше опасност. Второто полувреме не донесе толку офанзивна игра и шансите беа поретки. По ова реми, Шкендија останува лидер на табелата, но Силекс, кој има 45 бода, со победа утре против Брера може да се доближи на само два бода. Вардар, пак, со 22 освоени бода се наоѓа на осмата позиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |