OPTA тврди: Арсенал е фаворит против Реал во Лигата на шампионите

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

OPTA тврди: Арсенал е фаворит против Реал во Лигата на шампионите

Арсенал обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако со вкупни 9-3 го елиминираше Пари Сен Жермен. Ова е првпат лондонскиот клуб да стигне до оваа фаза од сезоната 2009/2010. Во следната рунда ги очекува дуел со Реал Мадрид, кој во драматична завршница на пенали го совлада Атлетико Мадрид. Досега, овие два тима имаат одиграно два официјални натпревари – во осминафиналето од ЛШ во сезоната 2005/2006, каде единствениот гол во двомечот го постигна Тиери Анри. Според пресметките на суперкомпјутерот на „Опта“, Арсенал има 53% шанси за пласман во полуфиналето, додека шансите за Реал Мадрид изнесуваат 47%.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.